За Нас
СИНТЕК-Скопје е организција со традиција, која во 2017 год. одбележа 30 (триесет) годишно постоење, создавање на име, градење на доверба, развој во областа на основната дејност-градежништво и проширување на нова дејност од областа на јавни царински складишта (ЈЦС) од 2011год.
Во областа на градежништвото се занимава со:
1.1 Изградба на објекти од високо и ниска градба
1.2 Санации, зајакнувања и реконструкции на мостовски конструкции
1.3 Хидрозаштита на сите видови објекти
1.4 Изработка на техничка документација (технички решенија)
Конституирањето на СИНТЕК-Скопје е извршено со приватен капитал на 13.05.1987 година со заведување во судскиот регистер под името ДОЗТ СИНТЕК – Скопје.
Во тој период покрај своите 15 постојано вработени, активно беа ангажирани и 8 кооперативни фирми, за извршување на превземените обврски на територијата од Република Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија. Тоа е период кога ангажираноста на СИНТЕК е сса 91% вон границите на Република Македонија.
Во периодот од 1990 до 2004год. се формирани фирмите СИНТЕК-Инженеринг со седиште Чачак СР Југославија и АРРЕКС-СИНТЕК со седиште во Софија - Бугарија. Поради економски, политички и други превирања на пазарот овие фирми се затворени. Во 2011год. СИНТЕК ја проширува својата дејност и отвара јавен царински склад ЈЦС, во објект од сопствена инвестиција.
Од формирањето на СИНТЕК постојано е проширувана соработката со научните и стопанските институции во и вон Република Македонија. Со тоа се овозможува постојано надградување на развојната политика на фирмата, посебно на полето на усовршување и примена на нови технологиии за разрешување на поедини проблеми поврзани со дејноста на фирмата.
Професионалниот пристап кон реализација, на превземените обврски и развојот преку постојано следење на светските достигнувања во областа на дејноста на фирмата се стекна со целосна доверба кај деловните партнери.
ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ОКОЛИНА И БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
СИНТЕК ја утврдува оваа политика за квалитет, околина и безбедност и здравје при работа заради обезбедување на услугите кои им ги испорачува на клиентите, во целост да ги исполнуваат нивните искажани реални барања и да бидат според важечките законски прописи и национални и меѓународни стандарди. Насоченоста кон потребите на клиентите и задоволството на клиентите од извршената работа се најважните вредности според кои СИНТЕК ја мери и ја одредува својата вкупна успешност. За постигнување, одржување и зајакнување на тие вредности, трајно се обврзуваме:• Да вработуваме стручен и амбициозен персонал кој ќе има можност и обврска постојано да се развива и усовршува
• Да ги одбереме најдобрите подизведувачи,и заеднички да ја оправдаме довербата на Инвеститорите
• Да набавуваме најсовремени материјали и опрема, како и да ја одржуваме и подобруваме инфраструктурата и околината за пријатна работа
• Да негуваме и развиваме партнерски односи со добавувачите
• На клиентите да им нудиме најоптимални и целосни решенија
• Да реализираме решенија кои во целост ги подржуваат барањата и потребите на клиентите
• Да водиме грижа за животната срeдина и околина
• Рационално да ја трошиме енергијата, суровините и останатите природни ресурси
• Да спречуваме создавање на отпад и вршиме класифицирање на отпадните материјали според можностите за нивно рециклирање
• Да бидеме одговорни кон вработените преку воведување на безбедносни мерки, намалување на ризикот од повреди и здравствени проблеми
• Да соработуваме со сите заинтересирани страни со отворен и културен дијалог, со цел заеднички да се допринесе за подобрување на безбедноста и здравјето при работата
• Да ја применуваме и подобруваме ефикасноста на системите за управување со квалитет, околина и безбедност и здравје при работа, втемелени на барањата на меѓународните норми ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007 и да тежнееме кон надминување на висината на тие барања
• Да поставуваме амбициозни, мерливи и остварливи цели за квалитет, околина и безбедност и здравје при работа.
Секој вработен во компанијата мора да биде запознат со политиката за квалитет, околина и безбедност и здравје при работа, да ја прифати и почитува како трајно начело во сопственото работење.
Управител:
Драган Манаилов